Од сите прекрасни премиери што македонските телевии
деновиве ги извртеа низ своите незаборавни новогодишни програми., оваа можеме
да ја прогласиме за НАЈ - премиера. Година на производство - 1956-та година,
што е тоа во Божји рамки?
По смртта на Тито, Нехру и Насер, Неврзаните проценуваат дека единствен спас
за движењето е формирање на глобална новинска агенција која ќе се бори против
доминацијата и предрасудите на Западните медиуми.
На последниот ден од својот овоземски живот, Џон Ленон, заедно со Јоко
Оно и позираше на фотографот Ани Лебовиц. Фотографијата на која голиот Ленон
лази по Јоко и ја бакнува е прогласена за најдобра насловна страница во изминатите
40 години. Сликата е објавена на насловната на магазинот Ролинг Стонс еден
месец по неговата смрт а за најдобра ја прогласи комисијата на Американското
друштво на уредници на магазини, составена од 52 уредници, уметници,
режисери и дизајнери. Ескваер, Тајм и Лајф имаат по 4 насловни на листата
на најдобрите кавери а поделено по децении, 11 насловни доаѓаат од '60-тите,
осум од '70-тите, три од '80-тите а последната деценија учествува со десет
насловни. Од 41 насловна колку што вкупно беа избрани (заради неколку нерешени
резултати) 32 се фотографии, 7 илустрации и две се текстови. Галерија од
најдобрите насловни на светот ве чека на "повеќе"
Еве што ви предлага Секси ќошето на Вест за ситуација
кога сте на плажа а не можете да и се приближите на девојката која ви се
допаѓа:
1. Направете девојка од песок. Нозете задолжително да и се раширени.
Женската која ве напалила нека ви биде модел. Ако сте мераклии на поголеми гради
слободно додадете уште песок.
2. Земете ролна тоалетна хартија и извадете ја
картонската цевка. Во неа протнете гумена ракавица и наполнете ја ракавицата со
крема за раце. Тоа ќе биде вагината. Импровизираната вагина затрупајте ја со
песок точно меѓу нозете на песочната девојка. Внимавајте да не ја затрупате цела
и да не ставите песок на кремата во ракавицата.
3. Качете и се на вашата
девојка од песок, ставете го пенисот во ракавицата (вагината). Работете брзо.
Свршете. Заминете од плажата.
Ете. Што би правеле ние без весниците? За утрешното ќоше
предлагам да има совет како човек да се справи со својата ерекција
кога се наоѓа во штала, козата е зафатена со прчот а слободен останува само еден
штекер.
Хрватските медиуми со нескриено
задоволство ги забележуваат глупостите кои ги испалуваат учесниците на
мега популарното риалити шоу Big Brother на тамошната RTL. Следат дел од
интелектуалните а риалити бисери кои досега можеле да ги слушнaт
гледачите на ова шоу.
За да се искаже новинарски став за некоја работа не мора да се арчат зборови.
ОК, ова што се наоѓа на 'повеќе' најверојатно е случајна грешка ама, во конкретниот контекст,
ми се виде баш згодно. Ај да ви покажам.
Њуjорк Тајмс најави отпуштање на околу 500 вработени
поради слабата читаност и продажба на рекламен простор. Работните места
ќе бидат укинати во следните шест месеци а меѓу отпуштените се и новинари од
Њујорк и од дописништвото во Бостон."Мораме да штедиме затоа што потфрли заработувачката
од рекламите во третиот квартал ," изјави портпаролот на највлијателниот
весник во САД. Ова претставува хроничен проблем на тамошниот дневен
печат во изминативе 10 години, поради промените на навиките на Американците
кои вестите се повеќе ги бараат на интернет а не во
трафика.
Британските власти го
забранија емитувањето на рекламната кампања "Make poverty history" во која се појавуваат
Боно, Кание Вест, Бред Пит и други. Медиумската регулаторна комисија ја донесе
оваа одлука проценувајќи дека кампањата содржи политичка порака што е
забрането со прописите. Во овие реклами еден куп славни личности пукаат со прстите
на секои три секунди за да се пренесе поентата дека во светот едно дете умира
на секои три секунди. Адриан Ловет од движењето Make Poverty History остро
реагираше на цензурата нагласувајќи дека не се работи за политикантска тема туку
за "најголемото морално прашање на сите времиња". Од комисијата објаснуваат
дека тие немаат задача да разликуваат добри и лоши пораки, туку да го
спроведуваат законот кој забранува политички содржини во комерцијални
кампањи.
Погледнете ги двете слики и споредете ги.
Речиси идентични ситуации по поплавите предизвикани од последниот ураган што ја
погоди Америка. Ама, не, баш! Кога се работи за црнец, тоа мора да е крадење.
Белците, едноставно, наоѓаат храна! Ќе се дообјасниме на "повеќе", важи?
Слушнете едно прашање до оперскиот
пеач Хозе Карерас, поставено за време на неговиот неодамнешен престој во
Охрид. Велат, од пуста трема, Карерас воопшто не успеал да одговори
:)
Со постојана највисока гледаност квизот "Кој сака
да биде милионер?" е најпопуларната програмска содржина во Македонија во 2005
година, стои во најновиот извештај на истражувачката компанија СММРИ. -
"Милионер" континуирано е на врвот во македонскиот етер и дефинитивно е најгледаната
забавна емисија во историјата на Македонија. Постигнатиот успех ни
причинува задоволство, но и обврска да го одржиме и да го зголемиме квалитетот и
во иднина, во интерес на нашите ценети гледачи - велат za Време луѓето од
СТР, продуцентската куќа што ја поседува лиценцата за најскапиот домашен
ТВ-производ. Од првото емитување на Милионеротт досега "брзи прсти" играа 640
натпреварувачи, а од нив 159 ја добија шансата да станат богати. Трендо досега
има доделено чекови во вкупна вредност од 8.045.000 денари. Во просек,
натпреварувачите стигнуваат до 10-то прашање (втор праг), а на публиката можат
да и веруваат 77 отсто, колку што во просек досега точно одговорила на
поставените прашања.