on-line речник


ТУРЛИТАВА




ИГРИ




МАКЕДОНШТИНА




БАЛКАНШТИНА




ФОТО ГАЛЕРИИ




ВEСТИ


македонија
балкан
свет


ЉУБОВ, СЕКС...




ЗДРАВЈЕ


пороци
детуле


ФОТО НА ДЕНОТ


девојки
дечки


ЗАБАВА


црна хроника


ТЕХНОЛОГИЈА


интернет


ТРН бај Ружица




Testis unus testis nullus




С'КЛЕТ Даниел Михајловски (1976-2004)




SHOWBIZ


филм
музика


ВИДЕО


музика
забава
еротика
реклами
спорт
на тркала
животни
разно


ХРАНА




ЖИВОТНИ ВЕСТИ




РАБОТА




МЕДИУМИ




БРАК




ШОПИНГ




РЕЛИГИЈА




РИСАЈКЛ




ФИНИ РАБОТИ




НАПРАВИ САМ




ЗАНИМЛИВОСТИ




НАУКА




ФРИКОВИ




.PPS




РАБОТИЛНИЦА


Ако се фаќаш, фати се за секира
Сопствениците на најголемите светски винарии решија да сечат на 340 години стар даб, кој ќе биде преработен во буриња за најдобрите вина на планетавa.
Храната, фактор за менталното здравје
Промените во исхраната кои се случиле во изминатите 50 години, се една од причините за зголемениот број на лица со ментални болести. Главен фактор за ова е променетиот баланс на основните хранливи материи кои луѓето ги внесуваат. Во овој период е забележана намалена конзумација на свежо месо и риба а повеќе кратно е зголемено внесувањето на заситени масти и шеќери.
Џејми Оливер: Во британската кујна доминира - кокаинот
Светски познатиот готвач, Британецот Џејми Оливер им фрли ракавица на своите колеги од островот изјавувајќи дека добар дел од кулинарската сцена во земјата е на  - кокаин.
Швајцарско НЕ за ќебапите
Навивачите на швајцарската фудбалска репрезентација повикаа на бојкот на турскиот ќебап поради насилството на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Турција и Швајцарија. По принципот ""компир гледа, месо вади", бојкотот најмногу ќе ги погоди -Курдите.
Жените не знаат да готват
"Жените не би знаеле да зготват пристојно јадење дури и животот да им зависи од тоа," изјави Гордон Ремзи, еден од најпознатите готвачи на светот.
Сол на рана си е сол на рана
Граѓаните кои веруваат дека морската сол е поздрава од обичната се во заблуда, потсетува едно британско истражување во кое било утврдено дека митот за здравствената добробит на морската сол е прилично раширен.
 
Бурекот е светски
 Високиот претставник на меѓународната заедница во БИХ Педи Ешдаун смета дека бурекот е светско јадење. Како што пишуваат бањалучките весници, Ешдаун изјавил: "Бурекот е едно од најдобрите светски јадења. Доколку би имал можност да бирам пет најдобри светски јадења, тогаш бурекот би бил едно од нив". "Инаку, во босанската кујна нешто ми се допаѓа, а нешто не. На пример, киселата зелка, можете слободно да ја задржите за себе", изјавил Ешдаун.
Џанк фуд предвидувања
Продуцентите на BBC 3 собрале екипа експерти за здравје на деца кои, користеле современа компјутерска техника за да покажат како, за неколку децении, ќе изгледаат децата кои претежно јадат брза храна. На фотографијата го гледате 10 годишниот Џејсон и неговата проекција за тоа како ќе изгледа кога има 40-тина години доколку не ги промени своите прехрамбени навики. Родителите на Џејсон биле шокирани од резултатите и ветиле дека доследно ќе ги следат препораките од експертите кои велат дека треба да се исклучат јадењата пред телевизор, напитоците со шеќер, слатките и пржената храна а да се форсира редовно јадење на софра, многу овошје и салати. И замислите, Џејсон строго да се придржува кон новите правила а на 40 години да изгледа пак исто овака или бетер! 
Рецепти за тешки времиња
"200 грама трошки од два дена стар леб да се измешаат со половина чешне ситно исецкан лук, лажиче маслиново масло и ситно исецкана лута пиперка. Добро да се изгмечи, да се посоли и да се додаде ситно исецкан босилек".
Најдобриот ресторан во светот служи сладолед од сланина
Британскиот "Тhe Fat Duck" во кој се служи прилично бизарна храна како што е "сорбе од сардини" или "сладолед со сланина и јајца" е избран за најдобриот ресторан на светот. Ресторанот кој се наоѓа во Беркшир се избори за првото место на овогодишната листа на 50 најдобри ресторани во светот зад која стои респектибилно жири од 600 шефови на кујни и специјализирани критичари на храна. Се оценувале кулинарските вештини, услугата и општиот впечаток а јадењето во "Тhe Fat Duck"  е оценето како 'прекрасно и забавно' и затоа е прогласено за најдобро во светот. Шеф на ресторанот е Хестон Блументал кој се смета за гуру на тнр 'молекуларна гастрономија' а за себе вели дека има научен пристап кон храната.
Што тоа јадеме?
Не знам, право да ви кажам. Знам за во Хрватска (таква е веста) а вие мислите му ја како ли е кај нас. Вели, од преку триста адитиви кои се одобрени од тамошните надлежни институции, најмалку една третина можат да му наштетат на човековото здравје. За повеќе од 30 е веќе докажано дека се опасни по здравјето а 70-тина, науката ги смета за, во најмала рака, спорни. Сепак, сите имаат дозвола за употреба и масовно се употребуваат како додаток на јадењата и пијачките за да им се подобри бојата, вкусот, мирисот или пак за да се конзервираат. За нивна среќа, сите овие адитиви се објавени во брошура издадена од извесно Здружение за демократско општество па луѓет барем можат да се информираат што се' внесуваат во организамот. Ние? Ние ќе се тешиме со она: Бутај бе брат, ние сме ти ко бубашваби...
Пантљичара
Се вика Кејт Стелник. Има 19 години и 50-тина килограми. Прашањето е: дали Кејт ќе успее да изеде хамбургер тежок 3 килограми за помалку од три часа?
Крањската кобасица е само мит
Најпознатиот словенечки кобасичарски производ постои само во 'теорија'. Осум модели од различни произведувачи биле подвргнати на здравствена анализа во надлежниот институт во Љубљана и ниеден од нив не ги исполнил условите пропишани со правилникот за квалитетот на месните производи. Најчестите мани се преголемото количество мрснотии, вода и адитиви и предолгата изложеност на чад. Од први јануари годинава Словенија мора да ги почитува параметрите на ЕУ според кои за кобасицата смее да се употребува најмногу 2 децилитри вода на килограм месна маса во која мора да има барем 55 посто свинско месо од прва и втора категорија.
10 чекори до идеален (фото) хамбургер
Сте се прашувале ли како хамбургерите на фотографија изгледаат толку привлечни, толку различни од она што всушност ќе го добиете откако ќе се разлигавите гледајќи го постерот со нив? Одиме малку да им ѕирнеме во тајните на тнр стилисти со храна, луѓе кои знаат милион трикчиња и кои се спремни со  часови да работат за на крај да се добие голем, сочен и неодолив сендвич кој практично не се јаде бидејќи е жив внатре, изгорен со штангла за да се добие впечаток на решетка од скара, премачкан со вазелин, исечен и растегнат, со залепен сусам на лепчето.... Веројатно ова ќе ви го расипе апетитот ама ако се палите на хамбургери онда ништо подобро не сте ни заслужиле.  
Научен сендвич
Вистински одбраниот сендвич нема само да ве најаде туку и ќе ви помогне во различни ситуации. Тој може да ви ги подобри перформансите во кревет или да ви ја засили концентрирацијата на некој деловен состанок, тврди доктор Џон Стенли, предавач на Оксфорд кој се обидува да примени научни сознанија во оваа област. Според него, сендвичот со пилешко месо и сос од манга е идеален оброк за пред напорни бизнис состаноци, сендвич со путер од кикирики и јаболко е добар за пред вежбање во теретана, смоквите и медот додадени во сендвич од рикота сирење и портокал функционираат како афродизијак а со бананите и чоколадото се лечел мамурлукот. За добар сон, докторот вели дека е најдобро да изедете сендвич со пушена мисирка и крем сирење. Ете, така стои науката денес. Нормално, за рак уште нема лек.
Сендвич од 8500 калории!
На 29 мај 2004 година, еден студент реши да си направи сендвич.
Време е да апнеме нешто
Претпоставувам дека многумина од вас овој сајт го читаат од работа, додека седат на својата работна маса и грицкаат квики или сендвич или нешто трето. Е па, немојте да се изненадите ако во еден момент во вашата ептен блиска иднина, малку ќе подзастанете со џвакањето. Океј, одиме со веста: истражување на Универзитетот во Аризона утврдило дека на канцелариските маси има 400 пати (!) повеќе бактерии кои можат да предизвикаат некоја болест отколку на седало на WC шоља! (ете, за овој момент ви кажував).  Тоа значи дека сите оние кои имаат навика да јадат додека работат загризуваат повеќе отколку што можат да сварат. Највалкани се телефоните и работните маси а по нив следат компјутерските тастатури и глувчињата. Највисоко ниво на бактериолошка присутност е забележана кај факс машините кои се неколкупати повалкани и од кваките на вратите од тоалетот. Bon appetite!
Кај ги стави само?
Жгољав Јапонец победил на овогодинешиот натпревар во јадење хот дог во Њујорк. Такеру Кобајаши кој тежи едвај 60 килограми изел 53 и пол хот дози за само 12 минути. Второпласираниот успеал да дојде само до цифрата 38. 'Можев да изедам многу, многу повеќе,' изјави шампионот по натпреварот. Неговата пантљичара мора да е среќна.
ПОВЕЌЕ >>

 

©2000-2005 On.net! Сите права задржани.

Make On.net Home Page
 Најди!